Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ахмети бара американски експерти да се вклучат во случајот „Монструм“

Ахмети бара американски експерти да се вклучат во случајот „Монструм“
Лидерот на ДУИ Али Ахмети на денешната средба со американскиот амбасадор во земјава Пол Волерс побарал вклучување на американски експерти во случајнот „Монструм“ со петкратното убиство кај Смилковското Езеро. Според Ахмети, само на овој начин може процесот да го добие изгубениот кредибилитет и да се врати довербата кај граѓаните во судството. Освен за ова, Ахмети и Волерс разговарале и за прашањето за името, при што лидерот на ДУИ  ја истакнал важноста за постигнување компромисно решение со Грција и побарал поголем меѓународен ангажман за постигнување компромис со јужниот сосед. Соговорниците исто така разговарале и околу меѓуетничките и институционалните односи, вклучувајќи ја и потребата за проток на американски инвестиции во Слободната Економска Зона во Тетово, изградба на патиштата Скопје-Блаце, Гостивар-Кичево, информираат од ДУИ. Ахмети, од своја страна, ја истакнал посветеноста на ДУИ да ги помогне напорите за да се спречи учеството на македонските граѓани и на граѓаните од регионот во конфликтите на Блискиот Исток.
Слично

Поврзани вести