Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ахмети: Ако не можам да го решам проблемот со името, можам да ја комплицирам ситуацијата

Ахмети: Ако не можам да го решам проблемот со името, можам да ја комплицирам ситуацијата
Решението за името е блиску и ако тоа не се реши до декември, не чека изолација и сиромаштија, смета лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Во интервју за Алсат М тој вели дека иако тој не е клучниот фактор за решението, сепак не треба да биде потценета неговата улога. „Ако не можам да го решам проблемот со името, сигурно можам дополнително да ја комплицирам ситуацијата, мојот авторитет не треба да се потценува. Јас не работам зад грб. За моите посети во Вашингтон и Брисел знаеја сите, имаше опструкции од македонските телевизии, граѓаните не се информирани. Ние сме поблиску од било кога за да го решиме прашањето за името, ако треба ќе се затвориме во една соба и не излегуваме без да го решиме ова прашање", истакна Ахмети на Алсат М и додаде дека целта на ДУИ е прашањето да се затвори до декември. Вели дека помош за ова очекува од сите влијателни светски центри на моќ. Во спротивно, луѓето ќе бараат алтернатива, пасоши од Бугарија, Албанија и во Македонија ќе останат само стари гласачи. Вели дека ни предвремените избори не се решение, а потврди и дека пратениците на ДУИ нема да го поддржат законот за медиуми во сегашната верзија. На ставовите на коалицискиот партнер Ахмети, од ВМРО-ДПМНЕ реагираа со писмено соопштение и за името и за законот за медиуми. Од партијата посочуваат дека нема впечаток каков што има ДУИ и Ахмети околу прашањата поврзани со проблемот со името. „Секако не исклучуваме можност дека г-нот Ахмети и ДУИ имаат информации кои ние ги немаме“, пишува во соопштението. За Законот за медиуми пак не биле запознаени дека ДУИ се против будејќи учествувала во сите собраниски процедури без никакви конретни забелешки. „Не ги знаеме причините заради кои ДУИ соопштува дека нема да го поддржи предложениот закон за медиуми. Со оглед на тоа што предлогот досега ги помина сите владини и собраниски постапки, а ДУИ учествуваше во нив и го поддржуваше без никакви конкретни забелешки, би биле задоволни кога би ги слушнале причините за новата позиција на ДУИ“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Слично

Поврзани вести