Економија, финансии, бизнис

Контакт

Агроплод има пад на продажбата од 5 милиони денари, како го заврши кварталот?

Агроплод има пад на продажбата од 5 милиони денари, како го заврши кварталот?

Агроплод АД во првиот квартал од годинава според неконсолидираниот финансиски извештај бележи намалени трговски активности и голем пад на продажбата од 5 милиони денари во однос на истиот период лани кога приходите од продажба изнесувале 8.108.000 денари. 

Ако е некаков добар показател за работењето на Агроплод во овој квартал тогаш тоа е намалувањето на залихите на недовршеното производство на почетокот и на крајот на годината за околу 70% во однос на ланскот прв квартал.

Оперативните расходи бележат мал раст што покажува посериозна активност на компанијата, но тие не се специфично наведени бидејќи спаѓаат во ставката останати трошоци од работењето и изнесуваат нешто над 1 милион денари, што е зголемување за 700.000 денари во однос на првиот квартал од 2016-та.

Агроплод успева за првите три месеци од годинава да оди во „плус“ најмногу поради финансиските приходи кои изнесуваат солидни 5.285.000 денари. Кварталот Агроплод го завршува со неоданочена добивка од 3.336.000 денари, што е за речиси 1 милион повеќе од истиот период лани. 

Слично

Поврзани вести