Економија, финансии, бизнис

Контакт

Агрокор спасен од тонење, доби кредит од половина милијарда евра

Агрокор спасен од тонење, доби кредит од половина милијарда евра

Со кредит од речиси половина милијарда евра собран од дваесетина банки некогашниот хрватски гигант ќе биде спасен од целосен пропаст бидејќи им се закануваше банкрот. Освен Загрепската банка и Фондот Најтхед (Knighthead fond), кои и претходно се согласија на кредитирање, во новитот кредит за Агрокор учествуваат дваесетина хрватски, руски, американски и европски банки.

Од руската ВТБ на пример е потврдено учеството во кредитирањето, додека Сбербанк се уште размислува дали ќе учествува.

Со оглед на тоа дека во двата случаи станува за банки, кои се во државна сопственост, очигледно е дека само од постапувањето на едната од нив нема да може да се согледа руската државна политика кон „Агрокор“, но и кон Хрватска, јави РТЛ.

ВТБ претходно откри колкав бил неговиот придонес во кредитот од 400 милиони евра, но порача дека не планира да ги продаваат своите побарувања кон „Агрокор“.  


Слично

Поврзани вести