Агрокор повторно во трка за Меркатор?
Хрватскиот конзорциум Агрокор повторно ќе влезе во трката за купување на словенечкиот трговски ланец Меркатор. Како што пренесува хрватскиот весник „Финанце“ рокот за предавање на необврзувачката понуда за купување на 53,18% од акциите на словенечкиот трговски синџир истекува денес, а се верува дека своја понуда ќе даде Тодориќ.
Како што пренесуваат хрватските весници, понудата со богата премија која Агрокор ја даде во 2011 година, кога даваше 221 евро за акција, не може да се очекува, а аналитичарите и познавачите на пазарот сметаат дека стратешкиот инвеститор сега би можел да понуди 130 евра за акција.
Тоа е нешто над цената на акцијата на Меркатор на Љубљанска берза која на крајот на минатата недела изнесуваше 125 евра. Со цената од 130 евра за акција на потенцијалниот купувач за пакето од 53,18% од акциите би му требале 260 милиони евра, а за сите акции на Меркатор околу 490 милиони евра, пишува весникот.
Слично
