Агрокор потврди: Блокирани сме во Фриком
Хрватската компанија Ледо, која работи во состав на Агрокор, потврди дека Србија на барање на Сбербанка привремено забранила располагање над акции во Фриком.
Фриком исто така е дел од концернот Агрокор.
Привремена забрана на располагање на целокупниот удел во Фриком донел судот во Белград, на барање на Сбербанка Русија.
На 7 јуни, Стопанскиот суд во Белград издаде решение за воведување на привремена мерка со која се забранува учеството на Ледо во Фриком како осигурување за побарување од Сбербанка во износ од 100 милиони евра (главен износ) и 1,3 милиони евра (припишана камата на 25 мај 2017 година) а која произлегува во согласност со гаранцијата врз основа на договор за заем потпишан на 21 февруари оваа година. Ледо соопшти и дека Сбербанка покренала постапка за арбитража против Агрокор и 11 компании гаранти (вклучувајќи го и Ледо) која се одвива пред Лондонскиот суд на меѓународната арбитража во врска со 450 милиони евра дадени на Агрокор од страна на Сбербанка, кои таа банка ги побарува поради покренување на постапка вонредна управа во Хрватска. Паралелно за време на траењето на арбитражната постапка, Анте Рамлјак во англискиот суд поднел барање за признавање на ефектите од вонредната управа во Англија и Велс. Странките во арбитражната постапка го прифатиле мирувањето на арбитражната постапка се додека полномошно не се одлучи за барањето на Рамлјак, а што се очекува најрано во ноември 2017 година.
