Агрокор планира инвестиции од 300 милиони евра во Хрватска
Хрватскиот концерн Агрокор, кој воедно е и една од најголемите компании во прехранбениот сектор на Балканот, планира да инвестира околу 300 милиони евра во Хрватска оваа година. Сопственикот на Агрокор Ивица Тодориќ најави дека компанијата потпишала договор со една од водечките компании во светот во спроведувањето на иновации NineSigma. Договорот е потпишан на една ипол година, а на тој начин ќе Агрокор ќе ја отвори вратата за соработка со повеќе од два милиони научници од 140 земји.
"Со оглед на тоа што рецесијата сеуште трае, Агрокор има одлични резултати. Оваа година ќе инвестираме околу две милијарди куни или околу 300 милиони евра во хрватското земјоделство . Агрокор во овој момент во фиоките има инвестициски проекти во вредност од милијарди евра само за Хрватска. Во првата половина од годината имаме во план да инвестираме во производството на свињи за кои се заинтересирани и нашите партнери од Кина" најави Тодориќ.
Слично
