Агрокор објави колку точно изнесува неговиот долг
Долговите на Агрокор кон крајот на март изнесувале 40,41 милијарда куни (5,44 милијарди евра) објави концернот.
Во концернот напоменуваат дека се работи за дел на долгови кои не го вклучуваат Меркатор и поврзаните со него друштва.
Долговите по доспеани камати, оснати позајмици, резервации, одложена даночна обврска и останато не го прикажуваат долгот на целокупната Проширена група, туку само долговите на најголемите 19 друштва.
Според објавените податоци, најголем е долгон спрема финансиските доверители, 24,5 милијарди куни. Долгови по меници е 7,37 милијади куни, позајмици од добавувачи 6,24 милијарди куни, останати заеми 1,56 милијарди куни, одложена даночна обврска и останато 435 милиони куни. Доспеаните камапти изнесуваат 406 милиони куни.
