Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Агро Ели“ мора да ги продаде акциите во „Благој Ѓорев“

„Агро Ели“ мора да ги продаде акциите во „Благој Ѓорев“
Комисијата за хартии од вредност на денешната седница донесе Решение со кое утврди дека 19.466 обични акции издадени од "Благој Ѓорев " АД Велес не и носат право на глас и на дивиденда на фирмата "Агро Ели" ДООЕЛ Велес. Овие акции претставуваат 4,7627 проценти од вкупниот број на обични акции во велешката индустрија за масло. Ваквата мерка, КХВ ја изрече бидејќи "Агро Ели" ДООЕЛ  Велес овие акции ги стекнало преку заедничко дејствување со други лица што е спротивно со Законот за преземање на акционерските друштва. КХВ го задолжи "Агро Ели" ДООЕЛ Велес да ги продаде акциите на кои им се ограничува  правото на глас и на дивиденда во рок не подолг од 6 месеци, а доколку тоа не го стори, продажбата на акциите ќе ја спроведе Комисијата. КХВ му забрани на " Благој Ѓорев" АД  Велес за овие акции да исплатува дивиденда.  
Слично

Поврзани вести