Економија, финансии, бизнис

Контакт

Агенцијата за државни патишта станува јавно претпријатие

Агенцијата за државни патишта станува јавно претпријатие
Агенцијата за државни патишта ќе се трансформира во јавно претпријатие дознава Фактор од владини извори. Агенцијата е изземена и од предлог-буџетот за 2013 година. Според владини извори, јавното претпријатие догодина ќе има буџет од околу 4 милијарди денари (65 милиони евра).  Податоците од буџетот за 2013 година покажуваат дека инвестициите на Агенцијата за оваа година изнесуваат околу 4,3 милјарди денари. Од октомври годинава патарините пренминаа во надлежност токму на Агенцијата за државни патишта. Новоименуваниот директор на Агенцијата, Љупчо Георгиевски, кој во април годинава ја напушти директорскaта позиција во Катастар за недвижности и дојде на челната позиција на Агенцијата, најави модернизација на патарините и електронска наплата прво на Коридорот 10, а веднаш потоа и на Коридорот 8. Георгиевски неодамна најави дека е направена нова систематизација со која се опфатени и 250-те вработени од јавното претпријатие „Македонија пат“ кои работат на патарините и кои ќе треба да се придржуваат кон новиот правилник за работа. Агенцијата за државни патишта планира да распише и тендер за собирање на парите од наплатните рампи, кое најверојатно ќе се врши преку банка која ќе биде задолжена еднаш во текот на денот да гарантира за парите и да ги уплати на сметката на Агенцијата.
Слично

Поврзани вести