Економија, финансии, бизнис

Контакт

Агенција за медиуми со прекршочна пријава до Алфа, Канал 5 и Сител

Агенција за медиуми со прекршочна пријава до Алфа, Канал 5 и Сител

Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во вториот извештај од мониторингот на медиумското претставување во вестите по распишување на изборите, во периодот од 25 април до 4 мај 2016 година констатира дека ТВ Алфа, ТВ Канал 5 и ТВ Сител, известуваат за активностите на органите на власта во функција на изборно медиумско претставување на ВМРО-ДПМНЕ .

За констатираните прекршувања од страна на агенцијата за медиуми велат дека се покренати прекршочни пријави.

Оа агенцијата предупредуваат дека продолжува непочитувањето на професионалните стандарди и приграмски начела, особено за објективно и непристрасно прикажување на настаните и еднаков третман на различни гледишта, за почитување на човечкото достоинство и за поттикнување на духот на толеранцијата.

Првиот извештај за интервјуата, дебатите и другите информатвни програми, посочуваат од агенцијата, во период од 15 април до 4 мај 2016, покажал дека во некои информативни програми има појава на најгруб говор, клевети и навреди кои се надвор од дозволените граници на демократска дебата.

Слично

Поврзани вести