Економија, финансии, бизнис

Контакт

Агенција за катастар: Констатирани се неправилности при наплата на парични средства

Агенција за катастар:  Констатирани се неправилности при наплата на парични средства

Aгенцијата за катастар на недвижности информира дека при редовна контрола од страна на Секторот за контрола и надзор, врз работењето на Одделението за шалтерско работење при Центарот за катастар на недвижности Скопје, констатирани се неправилности во делот на наплата на паричните средства за запишување на промени во катастарот на недвижностите и издавање на податоциод истиот.

„При поднесување на пријави за запишување на промена во катастарот на недвижности, како и при поднесување на барања за издавање на податоци од катастарот, во периодот од 2013 до 2016 година, вработени во одделението спротивно на закон се стекнале со противправна матријална корист во вкупен износ од  1.883.433,00 денари. Истата ја оствариле на начин што при безготовинска наплата на надоместоците преку ПОС терминалите поставени на шалтерите на Агенцијата, во случаите кога граѓаните немале платежни картички или уплатници, вработените ги нуделе своите платежните картички за кои барале да им се даде паричен надоместок во готовина. По добивањето на надоместокот, плаќањето  на трансакцијата и давањето на услугата, вработените ја злоупотебиле службената положба и овластување со што извршиле сторнирање на веќе извршената уплата, односно со оваа постапка паричните средства не легнале на сметката на Агенцијата за катастар на недвижности“ - стои во соопштението од Агенцијата за катастар на недвижности.

Согласно законските прописи Агенцијата за катастар на недвижности поднесе пријава до соодветните институции од кои се очекува понатамошна постапка по предметот. Секторот за контрола и надзор при Агенцијата за катастар на недвижности поведе и соодветни дисциплински постапки против инволвираните вработени.

Агенцијата за катастар на недвижности ги замолува сите граѓани ваквите случаеви да ги пријавуваат во Инфо линијата на Агенцијата.

Слично

Поврзани вести