АГЕНТИ НА ТАЈНИТЕ СЛУЖБИ ВО КАБИНЕТОТ НА ГЕНЧОВСКА: Бугарското МНР преполно со шпиуни од комунистичкиот режим, Петков-ова ќе престане
Министерката за
надворешни работи, Теодора Генчовска ангажирала
агенти на тајните служби од комунистичкиот режим кои во бугарското МНР ќе
работат како советници. Тие се на возраст од околу 70 години, пишуваат
бугарските медиуми.
Меѓу останатите се споменува и името на поранешниот шеф на тајната полиција (ДАНС) Петко Сертов.
Новоименуваниот премиер пак, Кирил Петков, незадоволен од ваквата постапка изјави дека ваквата практика ќе биде прекината следната недела.
-Секој министер има право да го предложи својот тим, но тогаш ние во коалицискиот тим разговараме за тоа. Овие луѓе нема да бидат именувани“, изјави бугарскиот премиер.
Во кабинетот на Генчовска на функцијата Шеф на Кабинетот треба да седне Петјо Петев, роден 1956 година, кој порано бил соработник на тајната полиција под името „Динов“, како и Петар Воденски, роден 1951 година, таен соработник со име „Велинов“ во Генералштабот на Бугарската народна армија.
Бугарските медиуми јавуваат за острите реакции во јавноста, особено поради тоа што многу години водството на министерството за надворешни работи се обидува да се исчисти од луѓето кои работеле за тајната полиција, од кои голем дел се возрасни дипломати.
