Агенцијата за лекови и медицински средства неефикасна затоа што немала заменик-директор
Министерството за здравство во новиот закон за изменување и дополнување на Законот за лекови и медицински средства, кој е ставен на јавна дебата, тврди дека надлежната агенција има потреба од воведување функција заменик-директор и дека тоа е причината што не работела доволно ефикасно. Актуелен директор на Агенцијата за лекови и медицински средства е Роберт Бекироски.
Новиот Закон предвидува Агенцијата за лекови и медицински средства да има заменик-директор, кој досега недостасувал во оваа институција, пишува Portalb.mk.
"Од досегашните искуства од примената на Законот за работата на директорот и функционирањето на Агенцијата се заклучи дека, поради недостаток назаменик, во отсуство на директорот, се јавуваат проблеми во извршувањето на ефикасна работа ", се вели во образложението.
Предлог-законот е донесен на 11 септември, а на 26-ти ќе биде испратен до Владата за донесување на владина седница,пред да влезе во собраниска процедура.
Министерството за здравство во межувреме ќе формира работни групи кои ќе расправаат за овие законски измени.
