Економија, финансии, бизнис

Контакт

Агенцијата за цивилно воздухопловство потрошила два пати повеќе пари отколку што имала

Агенцијата за цивилно воздухопловство потрошила два пати повеќе пари отколку што имала

Агенцијата за цивилно воздухопловство минатата година ја завршило со загуба од 68,5 милиони денари поради кризата предизвикана од Ковид-19. Инаку претходната година АЦВ оствари добивка од 17 милиони денари од своето работење.

Приходите во кризната година за аеродромите и кај авиопрелетите значело само 85,5 милиони денари приход за агенцијата, додека трошоците за неговата работа биле 154 милиони денари.

Најголем трошок бил исплатата на бруто-платите за вработените од 92,2 милиони денари, расход кој е намален за нешто помалку од два милиони денари во однос на претходната година. Просечната нето-плата по вработен изнесувала 73.800 по вработен, или помала за околу 700 денари споредбено со една година претходно.

Планираните приходи на почетокот на годината, која во понатамошниот тек се покажа како кризна, биле 201 милиони денари, но на крајот сведувањето е на 85,5 милиони денари.

Приходите од прелети се намалени за 100 милиони денари кога ќе се споредат бројките со 2019. Кај трошоците нема поголеми отстапувања во однос на една година претходно, освен кај патувањата, такси-превозот, одржувањето, купувањето на компјутерска опрема, дневниците и обуките, а за 3 милиони денари намалени се расходите за ангажирање на консултанти.

„Причина за ваквото намалување на остварените приходи се од објективна природа. Имено појавата , ширењето и траењето на пандемијата предизвикана од коронавирусот Covid 19 во Европа од почетокот и во текот на 2020 ги приземји авиокомпаниите во голема мерка и беше причина за големи финансиски штети и ризици во процесот на развој на воздушниот сообраќај.Оваа состојба предизвика влошување на условите за нормални воздухопловни активности на давателите на услугите во воздухопловната навигација, на воздухопловната индустрија во целина како и на Агенцијата за цивилно воздухопловство“, се вели во извештајот на агенцијата поднесен до Собранието.

Директорот на агенцијата Томислав Тунтев претходно најави дека очекува закрепнувањето во воздушниот сообраќај да се случи најрано кон крајот на 2023 година, односно тогаш истиот да дојде на ниво од 2019, кога се очекува на глобално ниво патниците покомфорно да ги користат услугите во воздушниот сообраќај.

А.К.


Слично

Поврзани вести