Економија, финансии, бизнис

Контакт

Агенција за филм: Парите за „До балчак“ им се исплатени на продуцентите

Агенција за филм: Парите за „До балчак“ им се исплатени на продуцентите
Сите предвидени средства за реализација на филмот „До балчак“ се исплатени на продукциската куќа која беше задолжена за овој проект, информираат со писмено соопштение од Агенцијата за филм. На овој начин тие реагираат на пресконференцијата на СДСМ, на која опозициската партија побара од државата да одговори каде завршиле државните пари предвидени за снимање на филмот. „Одлуките за финансиска поддршка на реализацијата на филмот „До балчак“ беа донесени како резултат на интенцијата на државата за поддршка на културното творештво“, се наведува во краткото соопштение на Агенцијата за филм на Република Македонија.
Слично

Поврзани вести