Економија, финансии, бизнис

Контакт

АГЕНЦИИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ: Профитабилен бизнис, чуствителен сектор!

АГЕНЦИИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ: Профитабилен бизнис, чуствителен сектор!

Бизнисот со приватните агенции за обезбедување на имот и лица во Република Македонија се покажува како доста профитабилен, барем ако се разгледаат финансиските извештаи на трите моментално најмоќни компании како Никоб осигурување, Перпетуум мобиле и Секјурити груп сервис (СГС). Заедно трите компании во 2016-та оствариле приходи од солидни 17,8 милиони евра. Вкупната добивка, односно чистиот профит на Никоб, Перпетуум мобиле и СГС комбинирано изнесува нешто над 700 илјади евра.

Високата стапка на приходи кај дел од агенциите, сепак не е гаранција за успешноста. Дел од компаниите како Никоб на пример, осамнаа на листата на должници на УЈП. Според последно објавените информации Никоб имаше долг од трисетина милиони денари неплатени даноци од кои најголем дел се за ДДВ. Во билансот на состојба Никоб има 437.900.845 денари обврски или за околу 30 милиони денари повеќе во однос на претходната година. Обврските на СГС изнесуваат 71.246.713 и за нијанса се намалени во однос на 2015-та.

Перпетуум мобиле е агенција која бележи најголем раст во изминатата година. Тие во 2016-та оствариле вкупни приходи во износ од 114.419.806 денари или за 40 милиони повеќе во однос на една година претходно. Добивката на Перпетуум мобиле за 2016-та изнесува 1,5 милиони денари, но кај нив има најголем раст на вработени, однос реализирани се околу 250 нови вработувања. Бројот на вработени кај СГС достигна 1646 и е на идентично ниво како во 2015-та. Никоб во 2016-та според билансот на успех има 804 вработени.

Приватното обезбедување е регулирано со посебен закон, постојат строги критериуми за обука на припадниците на агенциите кои потоа добиваат соодветни дозволи и сертификати, имаат право на користење на огнено оружје во зависност од степенот на задачата, сепак станува збор за една доста чуствителна сфера.

Во последните десетина години иако се покажа дека пазарниот колач најмногу им припаѓа на неколку успешни компании не претставуваше пречка за формирање на нови конкуренти, па и во самата Комора на за приватно обезбедување на Република Македонија има над пеесетина фирма членки. Затоа компаниите со најголеми вложувања и поставување на високо професионални услуги успеваат да се одржат на врвот.

Пазарот за овие услуги се сетира полека, клиентите сакаат професионални услуги од стабилна компанија за обезбедување, без полтички атачмент, каде што само квалитетот на услугите ќе биде пресуден во изборот.


Слично

Поврзани вести