Економија, финансии, бизнис

Контакт

АФРИКАНСКА ЗЕМЈА ЌЕ ИЗВЕЗУВА СТРУЈА ВО ЕВРОПА? Трошат малку, а произведуваат 25 гигавати енергија

АФРИКАНСКА ЗЕМЈА ЌЕ ИЗВЕЗУВА СТРУЈА ВО ЕВРОПА? Трошат малку, а произведуваат 25 гигавати енергија

Алжир сериозно размислува за извоз на вишок енергија во Европа, изјави алжирскиот министер за енергетика Мохамед Аркаб.

Алжир произведува 25 гигавати енергија и троши максимум 17 гигавати во периодите на шпиц, изјави Аркаб за државната агенција APS, пренесува Ројтерс.

Кон крајот на окотмври, „Algeriainvest“ објави дека по Тунис и Либија, Sonelgaz Group ја таргетира Европа преку проектот за извоз на електрична енергија во Италија, кој е во фаза на студија. Во изјава за печатот пред работната посета во провинцијата Оран, претседателот и извршен директор на Sonelgaz Group, Мурад Аџел, рече дека оваа енергија е „доволна“ на национално ниво, надминувајќи 25.000 мегавати (MW) и се очекува да надмине 30.000 MW до 2030 година, истакнувајќи дека Алжир, кој извезува во Тунис, има амбиција да го прошири опсегот на својот извоз во европските земји. На локално ниво, истиот функционер откри дека производството на електрична енергија во Оран се очекува да достигне 2.000 мегаволти ампери (MVA) до 2030 година, посочувајќи дека „покраината Оран успеала да постигне самодоволност во производството на енергија“.

Според него, „провинцијата Оран произведува 1.700 мегавати електрична енергија додека потрошувачката не ги надминува праговите од 39 отсто“. Производството треба да ги охрабри инвеститорите. Затоа тој ги повика локалните инвеститори да ги направат своите проекти реалност како дел од заживувањето на националната економија.


Слично

Поврзани вести