Афлатоксинот во Србија вратен на 0,5 микрограми по килограм
Правилникот за дозволената количина на афлатоксини во млекото од сегашните 0,05 микрограми на 0,5 микрограми по килограм, е променет во Србија како што беше случај пред две години, изјави денеска српскиот министер за земјоделство Горан Кнежевиќ.
Тој додаде дека до ваквата одлука е дојдено по увидените мислења на сите надлежни установи, од Министерството за здраство, Воената медицинска академија и Институтот „Батут“, кои потврдиле дека нема да има штетни последици по здравјето на граѓаните доколку млекото содржи 0,5 микрограми по килограм афлатоксин.
-Количините не можат негативно да влијаат на здравјето на луѓето, а ќе овозможат извоз на млекото во две третини во светот, истакна Кнежевиќ.
Слично
