Економија, финансии, бизнис

Контакт

Аферата Панама ја „здрма“ Европа: Каде ги заработувате парите?

Аферата Панама ја „здрма“ Европа: Каде ги заработувате парите?

ЕУ сака илјадници мултинационални компании да пријават каде ги заработуваат парите и каде плаќаат даноци во настојување да ги затворат дупките во закони и бегство во даночните раеви.

Европскиот комесар за даноци Џонатан Хил рекол дека сака да се обезбеди дека даноците се платени таму каде се остварува добивката.

ЕУ така реагирала на огорчената јавноста поради што некои од најпознатите светски компании избегнуваат плаќање на данок и после откритието на офшор сметки и познати во најновата афера околу документите на Панама.

Хил го претставил предлогот според кој компаниите кои имаат повеќе од 750 милиони евра глобални приходи и кои дејствуваат во 28-члената ЕУ ќе објавуваат колку данок и плаќаат на секоја земја членка и колку плаќаат во бизниси надвор од ЕУ. Хил рекол во правилата да се наведат компаниите кои работат во земјите или територии кои ги занемаруваат даночните стандарди.

„Така што ако големите мултинационални компании активни во Европа плаќаат данок некаде како што е Панама, тоа би требало да го направат достапно за јавноста“, рекол Хил во коментар насочен на таа централноамериканска земја која во моментов е во центарот на аферата за избегнување на данок.

ЕК наведе дека овие прописи би се однесувале на околу 6000 компании, но социјалистичките европратеници сметаат дека би погодиле помалку од 2000 фирми.

ЕУ проценува дека губи околу 80 милијарди долари во приходи секоја година поради избегнување на данок.

„Со употребата на комплицирани даночни аранжмани некои мултинационални компании може да платат третина помалку данок“, отколку локалните компании кои работат само внатре во националните граници, рекол Хил.

Изминатите години стана јасно дека е полесно некои компании кои работат внатре во ЕУ меѓу земјите во самата Унија да најдат поволен даночен аранжман.

Слично

Поврзани вести