Економија, финансии, бизнис

Контакт

Аферата Фиком да ја преземе Јанева, бараат оштетените

Аферата Фиком да ја преземе Јанева, бараат оштетените
Оштетените во аферата Фиком, на кои им беа продавани исти станови по неколку пати, бараат и овој случај да го преземе Специјалното јавно обвинителство. Тие во сабота протестираа пред зградата „Антигона“ во скопска Кисела Вода, со барање да им бидат доделени станови или да си ги добијат назад парите кои ги платиле за становите, но и за судските трошоци. „Судот најбезобразно се става на страна да заштити само една од инволвираните страни, при што во целост ги оштетува граѓаните кои ги купиле становите. Сакаме да прашаме зошто стечајот на Фиком трае нецели десет години, што е направено за тие десет години, зошто судските постапки траат толку долго и зошто судот како по наредба носи одлуки кои се спротивни на сите закони“- изјави адвокатката на оштетените, Лорија Ваневска. Ваневска вели дека ќе ја предадат целокупната документација, ако во прислушкуваните разговори има елементи за аферата. Оштетените најавија формирање на здружение на сите оштетени граѓани во градежните афери во Македонија, со цел да се обештетат луѓето и да и се каже стоп на градежната мафија.  
Слично

Поврзани вести