Економија, финансии, бизнис

Контакт

АФЕРА „ЛИЧНИ КАРТИ“: Спасовски откри кога се штанцале лажните лични карти

АФЕРА „ЛИЧНИ КАРТИ“: Спасовски откри кога се штанцале лажните лични карти

Во период од 2009 до 2014 година се штанцале лажните лични карти кои ги вештачеше МВР, информираше денеска министерот Оливер Спасовски.

Тој на прес конференцијата порача дека никој нема да го спречи да открие кој е фалсификаторот и нарачателот потенцирајќи дека тој што згрешил пред Законот ќе одговара.

Имено, Спасовски соопшти дека истрагата за фалсификуваните лични ккарти ја водело Јавното обвинителство, а од три уапсени лица само едно е во затвор поради криминално досие.

„Министерството за внатрешни работи повеќе од една година ја игнорирало аферата за фалсификатите а на документите е видлив датумот на нивно издавање, 2009 до 2014 година.

Истрагата откри дека податоците во лажните лични карти се вистински. Им припаѓаат на граѓани. Се знае колку државни институции располагаат со тие податоци. Истрагата трае, таа е комплексна и не е во интерес на јавноста таа да се дефокусира со објавување детали од предистражната постапка“, изјави Спасовски.

На обвинувања на медиумите блиски до власта, министерот Спасовски вели дека ниедна хајка нема да спречи целосна истрага и дека нема да има никаква амнестија и бегање од одговорноста.

Да се потсетиме...

Пред околу десетина дена во главниот град беше разоткриена афера за лпка многумина помислија дека нешто крупно навистина се случува. ЈО изнесе тврдење дека во домовите на три лица, сите три од Скопје се пронајдени различни елементи што упатуваат на заклучокот дека тие ја имале работилницата за лажни лични карти.

Пронајдени беа обрасци, сечачи за хартија и слична опрема и апаратура која се користела за изработка на фалсификуваните лични карти но на други други документи. Сепак, ЈО не излезе со најважните детали, за која цел и намена биле правени личните карти, дали за избори, и ако е за избори во цел на која политичка гарнитура. Ако се следат настаните и изјавите се добива впечаток дека партијата на власт покажа своевидно задоволство во целата работа.

Премиерот Никола Груевски  изјави дека за него оваа информација била фрапантна и најави повеќе информации за аферата во наредните денови.

„Она што го слушнав е навистина фрапантно. Во наредните час два ќе имам повеќе информации. Би им честитал на професионалците во ЈО и МВР за тоа, и апелирам до Меѓународната заедница одблизу да го следи случајот” – рече Груевски.

Инаку, аферата за фалсификуваните лични карти ја отвори неделникот Фокус, а фалсификуваните лични карти му ги предадоа на министерот за внатрешни Спасовски. Додека траеше истрагата Спасовски информираше дека  вештачењето покажало дека од 105 лични карти 90 биле лажни, со украден идентитет на жители во Куманово, Кичево, Гостивар и Штип.

Слично

Поврзани вести