АФЕРА “АКТОР“: Управата за финансиско разузнавање ги тресе Грците, а ги обвини СДСМ дека ја минира постапката?!
Се огласи Управата за финансиско разузнавање. Истрага за случајот “Актор“ – сепак имало, но потегот на СДСМ со кој се објавија детали, според УФР сега ја проблематизира целата постапка. Според информациите од писменото соопшетние на Управата, истрагата започнува на 11 ноември 2013 та година. Од друга страна, првите повлекувања на кеш-пари од страна на граѓани со странски презимиња, според СДСМ се регистрирани во мај, јуни и јули. Законот за спречување на перење на пари е јасен дека секоја транскација во вредност поголема од 15 илајди евра мора да биде пријавена до Управата за јавни приходи.
Истрагата почнала во ноември и сеуште трае!
Управата за финансиско разузнавање со писмено соопштение се огласи дека истрага за случајот “Актор“ сепак имало. По добиените првични сознанија на 11 ноември 2013 та година, Управата отворила предмет за испитување на случајот и утврдување на фактите, како и евентуално утврдување на постоење на одговорност. Имено, УФР побарала информации од соодветните финансиски институции, кои се со надлежност и делокруг на постапување за ваков тип на предмети во државата. По сите законски процедури и спроведени постапки, по спроведените анализи кои, како што велат од Управата, биле известени и државните институции, кои имаат врска со овој вид на проблематика.
“Во целиот овој изминат период се вршат проверки и соодветни дејствија за обезбедување факти, докази и аргументи кои се од битно значење за понатамошното одвивање на целата постапка, која сеуште трае, а за чиј епилог, јавноста ќе биде соодветно информирана“ – се посочува во соопштението на Управата за финансиско разузнавање.
Според тврдењата на СДСМ, првите исплати во кеш биле регистрирани во мај, јуни и јули. Познавачите, повикувајќи се на законските решенија велат дека тие трансакции би требало да бидат веднаш пријавени и регистрирани од страна на надлежните институции.
“Фактор“, повикувајќи се на Законот за спречување на перење на пари, објави дека транскациите во вредност поголема од 15 000 евра мора да бидат пријавени од страна на финасиските институции(банките) во Управата. Еве што предвидува Член 8 од Законот:
“Субјектите се должни да спроведуваат процедура на анализа на клиентот в следниве случаи:
а) кога се воспоставува деловен однос;
б)кога се извршуваат една или неколку поврзани трансакции во износ од 15.000 евра во денарска противвредност или повеќе;
в)кога постои сомневање за перење пари или финансирање на тероризам, без оглед на каков било исклучок или износ на средства и
г)кога постои сомневање за вистинитоста или адекватноста на претходно добиените податоци за идентитетот на клиентот.“
Експертската јавност повика на итно расчистување на случајот за да се елиминираат сите сомнежи.
“Едно лице може да подигне повеќе од 10 илјади евра во кеш од сопствена сметка. Спорното е во случајов што станува зборува за поголема сума на пари, за што се исплаќале парите, по кој основ. Без разлика на основот на исплатите, трансакциите над 15 илајди евра би требало да бидат пријавени во Управата за финансиско разузнавање. Сметам дека мора под итно да се превземат оперативно-тактички дејства за да се утврдат деталите за да се утврди основот или станува збор за фиктивни договори и да се види каде завршуваат парите “ – изјави за “Фактор“ Миодраг Лабовиќ, еден од поранешните директори на Финансиската полиција.
Познавачите велат дека доколку се применува законската регулатива, надлежните инститиуции би требало да располагаат со целосни информации за клиентот: негова идентификација, идентификација на крајниот споственик, неговата сопственичка и управувачка структура.
СДСМ ја минира операцијата?
По еднонеделен молк, Управата за финансиско разузнавање во писменото соопштение посочи дека СДСМ со пласирање на информации може да ја загрозат целата постапка на истрага.
“Иако, од страна на институциите се преземени сите дејства до оваа фаза, мораме да истакнеме дека изнесувањето на определени информации во врска со овој случај во јавноста и со манипулацијата на тие информации во дневно политички цели свесно или не, се прави штета за одвивањето на целиот случај по повеќе основи, кои може да ја загрозат целокупната постапка и истрага и да го отежнат прибирањето на факти, докази и аргументи во врска со случајот во понатамошните негови фази, се вели во соопштението.
Од Управта велат дека не сакаат да веруваат дека информациите се свесно изнесени во јавноста со цел да го загрозат овој случај и неговото расветлување, но потенцираат дека секој општествен субјект има општествена одговорност “да се воздржува од објавување на сензитивни информации во јавноста само заради свои политички цели, и во најмала рака доколку тие чувствувале вистинска загриженост требало да се обратат до институциите најпрво, а не да се обидуваат да предизвикуваат евтин сензационализам преку лиферување на информации, кои можат да ја загрозат истрагата“.
Опозиционерите од СДСМ објавија информации со кои тврдат дека проектот “Демир Капија-Смоквица“ има скандалозна позадина, посочувајќи дека граѓани со грчки презимиња во неколку наврати подигннувале суми повисоки од 20 илјади евра од сметакта на “Актор“ – Подружница Скопје. Според СДСМ, случајот отвора повеќе прашања од тоа по кој основ биле исплаќани парите во кеш до тоа каде завршувале.
А.Д.
Слично
