Економија, финансии, бизнис

Контакт

Афера Агробанка: Уапсен српскиот бизнисмен Љубомир Самарџиќ

Афера Агробанка: Уапсен српскиот бизнисмен Љубомир Самарџиќ
Српската полиција денеска го приведе бизнисменот Љубомир Самарџиќ, поради сомневање дека во текот на 2010 и 2011 година, преку четири негови фирми од „Агробанка“ подигнал пет кредити, кои никогаш не ги вратил. Самарџиќ е уапсен во рамки на истрагата за аферата „Агробанка“ за незаконско давање кредити, за што веќе се уапсени членови на раководството на банката. Пред три седмици за случајот со Агробанка е подигната тужба против 21 личност на кои им се припишува злоупотреба во износ од 5,7 милијарди динари. Инаку Самарџиќ во јавноста е познат како кум на актуелниот претседател на Генералното собрание на Обединетите нации, Вук Јеремиќ.
Слично

Поврзани вести