Аеродромот во Љубљана оди на продажба – акционерите ќе заработат 80 милиони евра
Словенија ја започна постапката за продажба на аеродромот во Љубљана. Според неофицијални извори од компанијата, ќе се продава околу 75 % од акциите, пренесуваат словенските медиуми.
Проценките се дека акционерите може да добијат околу 80 милиони евра од продажбата на акциите.
Како потенцијални купувачи се најавуваат сопствениците на аеродромот во Венеција, Франкфурт, Цирих, Виена, Истанбул, а можни се и некои кинески компании и приватни инвестициски фондови.
Слично
