Економија, финансии, бизнис

Контакт

Аеродромите во Македонија во март имале најголем пораст на патници

Аеродромите во Македонија во март имале најголем пораст на патници
Од Министерството за транспорт и врски информираат дека во текот на март 2013 година е забележан најголем пораст на бројот на патници на аеродромите во Република Македонија од почетокот на годинава. На двата аеродрома заедно се регистрирани вкупно 71.598 патници, што претставува пораст на бројот на патници за 24.3% во однос на истиот месец минатата година. На аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, каде во текот на март 2013 година биле превезени 68.434 патници што претставува пораст од 21.9% во однос на бројот на патници во 2012 година. Исто така, пораст на бројот на патници минатиот месец е забележан и на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, каде биле превезени 3.164 патници, што е зголемување за 120% во однос на истиот период  претходната година кога имало 1.148 патници. По реализирањето на проектот за модернизација на македонскиот аеродромски систем по пат на концесија, забележан е континуиран раст на бројот на патници и летови и бројот на компании кои оперираат на нови дестинации. Исто така, дополнително зголемување на бројот на патници е овозможено со имплементирањето на Проектот на Владата за финансиска поддршка за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај.
Слично

Поврзани вести