Економија, финансии, бизнис

Контакт

МАКЕДОНСКИТЕ АЕРОДРОМИ СТАНУВААТ ЛИДЕРИ ВО РЕГИОНОТ: Николоски тврди дека тоа е заради владините политики

МАКЕДОНСКИТЕ АЕРОДРОМИ СТАНУВААТ ЛИДЕРИ ВО РЕГИОНОТ: Николоски тврди дека тоа е заради владините политики

Меѓународниот аеродром Скопје останува лидер во регионот со раст од 32 % споредбено со истиот период минатата година. За оваа година од понудените преку 390 илјади нови седишта, заради влијанието на конфликтот на Блискиот Исток има намалување за околу 6 илјади седишта, но и покрај ова останува високо рангиран во регинот и во овој сегмент, пренесува специјализираниот авио портал" EX-YU Aviation News", објави министерот за транспорт и врски, Александар Николоски.

Тој истакна дека во  првите месеци од годинава, домашните аеродроми бележат раст од 30 % по број на патници и околу 20% по број на операции, што ги потврдува политиките на Владата за развој на авиосообраќајот во Македонија.

„Само од почетокот на оваа година се водедоа нови авиолинии од Скопје кон Неапол и Будимпешта, односно од Охрид кон Милано и Братислава.

Дополнително, во текот на месец јули од Охрид започнува да оперираат линиите кон Катовице и Вроцлав, а од Скопје кон Палермо и Алгеро, со што за речиси две години од работа на оваа Влада, се воведоа 24 нови авиолинии кон европските центри, што е рекордна бројка на ново воспоставени авиолинии.

Развојот на авиособраќајот останува меѓу приоритетите на Министерството за транспорт и тоа го докажуваме со реализација на проектот за реконструкција, надградба и проширување на аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид, со што дополнително ќе го зголемиме капацитетот за патници и авио операции.

Вицепремиерот Николоски, истакнува дека оваа година се очекува да се надмине бројот на патници од 3,5 милиони, а во следната година да достигне и до 4 милиони патници, што е резултат на актуелниот модел на привлекување на авиолинии.

Во однос на актуелните состојби со горивата, Македонија има стабилна состојба, во континуитет се врши координирање со сите институции и засега авиосообраќајот се одвива непречено“, вели тој. 


Слично

Поврзани вести