Економија, финансии, бизнис

Контакт

Аеродромите низ Европа остануваат без гориво?

Аеродромите низ Европа остануваат без гориво?

Европските аеродроми веројатно ќе се соочат со недостиг на гориво за авиони доколку преминот низ Ормутскиот теснец не се отвори во следните три недели, објави денеска „Фајненшл тајмс“.

„ФТ“ се повикува на писмото на Советот на меѓународни аеродроми (ACI) испратено до комесарот на ЕУ за транспорт, Апостолос Цицикостас.

„Доколку преминот низ Ормутскиот теснец не продолжи на никаков значаен и стабилен начин во следните три недели, системскиот недостиг на гориво за авиони ќе стане реалност за ЕУ“, се наведува во писмото, во кое се предупредува дека потенцијалниот недостиг би можел да ја оштети европската економија со нарушување на врвната туристичка сезона во текот на летото, објавува „Баха“.

Организацијата го повика блокот да ги следи испораките на нафта, со оглед на тоа што цените на енергијата остануваат високи и покрај тековното примирје меѓу САД и Иран.

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести