Економија, финансии, бизнис

Контакт

АЕК: Стартува мерењето на квалитетот на услугите на операторите

АЕК: Стартува мерењето на квалитетот на услугите на операторите
Агенцијата за електронски комуникации од денеска стартува со мерење на квалитетот на мрежата на телекомуникациските оператори во земјава. Со нова софистицирана опрема од денеска АЕК ќе ги мери сите параметри на операторите кои треба да се почитуваат од страна на операторите  – квалитетот и достапноста на мрежата, брзината на пренос на податоци... Како што претходно информираа од Агенцијата отсега граѓаните доколку не се задоволни или се сомневаат дека избраниот оператор не го исполнува својот дел од договорот може да повикаат на тим на АЕК што ќе изврши мерење и ќе го утврди квалитетот на услугата. Резултатите од мерењата ќе бидат објавени на страната komuniciraj.mk каде граѓаните сами ќе можат да проверат колку е квалитетна услугата која ја плаќаат. Новата опрема и начинот на мерење денеска ќе бидат презентирани во просториите на АЕК од директорот Роберт Орданоски.
Слично

Поврзани вести