АЕК: Намалување на цените на мобилните услуги
Известување до трите мобилни оператори подготвува Агенцијата за електронски комуникации за намалување на цените за интерконекција, што би требало да повлече и намалени цени за мобилната телефонија и за сите други услуги што ги нудат операторите.
Ова ќе значи дека цените на СМС-пораките и на телефонските разговори веќе од наредниот месец најверојатно ќе бидат намалени за околу 50 отсто.
Со оваа препорака од АЕК, се очекува дека разговорите во мобилната телефонија меѓу трите оператори ќе се изедначени, односно цените на повик кон која било мрежа ќе бидат исти. После ова се очекува уште поголема борба меѓу операторите во освојување на пазарот со разни пакети и комбинации од бесплатни разговори, СМС-пораки и интернет за пониски цени од сегашните.
Слично
