Едукацијата и подигањето на свеста се единствената мерка за заштита од можните измами во мобилната телефонија на коишто бевме сведоци неодамна откако илјадници домашни претплатници на двата мобилни оператори беа вознемирени со кратки повици од непознати броеви од странство, велат од таму.
Повиците кои предизвикуваа љубопитност на граѓаните и повратно се јавуваа кон Литванија, Естонија и сателитскиот оператор Глобал стар беа набрзо блокирани. Претплатникот добиваше краток повик, најчесто едно звонење од број од странска држава што има висока цена на меѓународни повици, а штетата за крајниот корисник настануваше тогаш кога ќе го повика бројот на пропуштениот повик.
