Економија, финансии, бизнис

Контакт

АЕК го објави извешајот за третиот квартал од 2021: Македонски Телеком е лидер во мобилната и фиксната телефонија

АЕК го објави извешајот за третиот квартал од 2021: Македонски Телеком е лидер во мобилната и фиксната телефонија

Според најновиот извештај на Агенцијата за електронски комуникации којшто се однесува на состојбата на пазарот во третиот квартал од оваа година, Македонски Телеком има најмногу корисници на пазарот на мобилна телефонија. Врз основа на податоците, Македонски Телеком има удел од 48,84 проценти од вкупниот број на корисници, вториот по големина оператор, А1 Македонија, учествува на пазарот со 48,02 проценти, додека веднаш зад него се Лајкамобајл со 1,97 проценти, Роби со удел од 1,16 проценти и Грин Мобиле со удел од само 0,01 проценти.

Кога се работи за приходите од мобилните уреди и обезбедувањето мобилни комуникациски услуги, Македонски Телеком и понатаму има доминантен дел од пазарот, со 50,86 проценти од вкупниот удел на малопродажно ниво. Оваа година се забележува и раст во вкупниот број на корисници на пазарот, којшто во третиот квартал од 2021 година изнесува 2.030.386.

Според податоците за состојбата на пазарот на електронски комуникации во третиот квартал од оваа година, регистрирани се 422.967 фиксни линии, што претставува зголемување во однос на вториот квартал кога беа регистрирани 420.908 линии.

Со 52,88 проценти, Македонски Телеком и натаму е најголем давател на услуги со фиксни телефонски линии, по што следат А1 Македонија со 40,25 проценти, а потоа Роби со 4,49 проценти, Неотел со 2,20 проценти и Инфел Нет Плус со 0,19 проценти.


Слично

Поврзани вести