Економија, финансии, бизнис

Контакт

Аџиев чека потврда од пратениците

Аџиев чека потврда од пратениците
Собранието на денешната седница пред себе го има новиот состав на Комисијата за верификација на фактите. Доколку пратениците дадат зелено светло, Томе Аџиев ќе добие уште еден мандат на чело на лустрациската Комисија, негов заменик ќе биде Асан Лима, а за членови ќе бидат избрани Предраг Димитровски, Новица Вељаноски, Ѓорѓи Малковски, Вецко Здравевски, Марија Зафировска, Даут Даути, Шпенд Винца, Ристана Лалчевска и Цветанка Соколова-Младеновска. Само тројца од предложените членови се нови во составот на Комисијата. Опозициската СДСМ го продолжи бојкотот и повторно не предложи свои претставници во телото задолжено да го води процесот на лустрација во земјава. Партијата вчера и дефинитивно се откажа од целокупниот процес на лустрација нарекувајќи го контроверзен и штетен.
Слично

Поврзани вести