Економија, финансии, бизнис

Контакт

Aдвокатска комора повикува на поскоро завршување на штрајкот на судската администрација

Aдвокатска комора повикува на поскоро завршување на штрајкот на судската администрација

Адвокатската комора на РМ е за што поскоро завршување на штрајкот на вработените во судската администрација.

Ова е заклучокот од седницата на Управниот одбор  согласно кој се обратиле до Министерството за правда на Република Македонија, Судскиот совет на Република Македонија и Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на Република Македонија (УПОЗ)

Од  Адвокатската комора на РМ ги поддржуваат напорите на двете страни за што поскоро изнаоѓање на прифатливо решение за проблемите коишто се причина за штрајкот.

Меѓутоа, нагласуваат дека и адвокатите трпат последици од неработењето на судовите, што е доволна причина штрајкот што поскоро да биде прекинат.

Слично

Поврзани вести