Адвокатите против, судиите за одмерување казни со правилник
Директорката на Академијата за судии и јавни обвинители Анета Арнаудовска ги поддржапоследните измени во Кривичниот законик, со кои се воведе Правилник за одмерување на казните. Според неа, ова ќе придонесе за воедначување на казнената политика.
„Тоа е причината за донесување на вакви Упатства за казнување, во сите земји, кои имаат адверзијален систем на кривична постапка како САД, Канада, Австралија, Нов Зеланд итн. Со оглед дека со новиот ЗКП, воведовме ваков систем и ние, потребно е, за да заживее институтот на спогодување, да се воедначи казнената политика, која досега беше шаренолика и ниска. Останатите причини се, намалување на големиот диспаритет на изречените санкции, помеѓу одделните апелациски подрачја, и дури и внатре во самите судови, редуцирање на судската дискреција, како и спречување на корупцијата“, вели Арнаудовска во интервју за МИА.Најзасегнатите од фелата - судиите до сега се воздржуваат од коментар за измените кои значително им го менуваат начинот на работа. Нема оценки дали со правилникот се навлегува во нивната независност. Владата воведувањето на ваков правилник го најави како дел од реформите во правосудството, со образложение дека со тоа ќе се обезбеди поголема правна сигурност за граѓаните и ќе се спречиле субјективизмот во изрекување на кривични санкции од страна на некои судии или судови. Сепак, на правилникот реагираше Адвокатската комора и ги извести Владата и Собранието дека е против ваквите законски измени.
„За предложената измена на Кривичниот законик не беше побарано мислење од Адвокатската комора на РМ и комората не учествувала во изготвување на упатство за казни“, се вели во соопштението од Комората.
Слично
