Економија, финансии, бизнис

Контакт

Адвокатите на началникот Грујевски поднесоа жалба за притворот

Адвокатите на началникот Грујевски поднесоа жалба за притворот

Подесена е жалба за одлуката на Кривичен суд за притворот кој вчера му беше одреден на првоосомничениот во истрагата на СЈО „Тврдина“.

Имено, синоќа после неколку часовни распрашувања, Судот донесе одлука со кој му изрече мерка притвор на Началникот на Петта управа на МВР Горан Грујевски. Од извори во судот дознаваме дека мерката дошла како резултат на аргументација на СЈО во судот.

Денеска СЈО треба да ги испрати и брањата за другите осомничени во случајот.

„Тврдина“ е наречен предметот кој вчера го обелодени Специјалното јавно обвинителство, а во кој се истражува незаконско уништување на опрема за прислушкување во УБК чија вредност изнесувала 10 милиони евра. Специјалните обвинители излегоа со точни датуми кога почнале активностите на осомничените, кога ја уништиле опремата и како се обиделе да ги сокријат трагите.

Прочитајте [button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2016/03/31/kako-padna-prviot-pritvor-hronologija-na-tvrdina/" target="blank" ]КАКО ПАДНА ПРВИОТ ПРИТВОР: Хронологија на „Тврдина“[/button]

Слично

Поврзани вести