Економија, финансии, бизнис

Контакт

Адвокати: Заев ниту се крие, ниту бега – нема услови да биде уапсен

Адвокати: Заев ниту се крие, ниту бега – нема услови да биде уапсен

Откако опозицискиот лидер Зоран Заев не се појави утрово во кривичниот суд во Струмица се појавија шпекулациите дека Основниот суд следна мерка што ќе му ја одреди ќе биде притвор.

Адвокатскиот тим на Заев потенцира дека најпрво мора да се оценат условите за обезбеднување на конкретниот случај па потоа да се одредува мерка.

- Судот во Струмица треба да го извести судот во Скопје, кој понатаму треба да одлучи за нова мерка. Но, за да се одреди притвор, судот треба да оцени дека се исполнети основните предуслови од Законот за кривична постапката. Не може да го притворат Заев ако судот не оцени дека постои опасност да се крие или да бега. Заев кажа каде ќе биде, па реално сметаме дека таква опасност нема - вели Медарски за плусинфо.

Судот, додава тој, може да примени и други мерки, како што е задолжително приведување на рочиште, или евентуално прво да му упати покана, па потоа ако не се појави, да побара од полицијата да го приведе. Заев рече дека нема да се појави и на рочиштето за случајот „Пуч“ што е закажано за 5 август.

Знеодамна истакна дека не го признава правосудството како независна власт по Устав и по закон, бидејќи како што вели тоа било под целосна контрола на Никола Груевски и неговата власт.

Во неговото обраќање до јавноста, Заев децидно одлучи дека повеќе нема да присуствува на закажаните судски рочишта и нема да продолжи да ја почитува определената мерка да се јавува  во судот секој понеделник во 9 часот, како и останатите мерки за обезбедување на присуство за водење на отворената кривична постапка.

Понатаму напоменува дека одлуката на Судот да прифаќа нарачан обвинителен акт е врв на апсурдот на овој предмет од самиот почеток, бидејќи како што вели досега од судот му немале дадено никакво објаснување а одбивање на разумните приговори на обвинението.

Од Основниот суд Скопје 1 пак на опозицискиот лидер му дадоа рок до пладне  да се јави кај надлежен судија во Судот во Струмица а ако тоа не се случи тогаш ќе биде испратено известување до Основниот суд Скопје 1, кој потоа ќе треба да одреди нова мерка за обезбедување.

Слично

Поврзани вести