Адвокати од Штип го „олесниле“ МВР со милиони евра
Над 50 илјади евра е штетата која МВР ја претрпело кога двајца адвокати од Штип со фалсификувани документи го оштетиле буџетот на РМ-МВР за вкупно 3.173.268 денари
Tие сториле кривични дела “злоупотреба на службена положба и овластување“, “злоупотреба на лични податоци“ и “фалсификување исправа“ .
Имено, искористувајќи ја својата службена положба осомничените (адвокатка и адвокат ) поднеле кривични спорови против МВР за неисплатено пензиско и инвалидско осигурување на нивните клиенти-полицајци на кои им го фалсификувале потписот и без нивно знаење го тужеле МВР.
До доказите МВР дошло преку три банки. Во извештајот е констатирано дека на сметките на полицајците легнувале малку пари како оштета за неисплатено пензиско, ама адвокатските трошоци и награди по изречените пресуди го чинело министерството далеку повеќе.
