Адвокат за воени злосторства бара половина милијарди евра од Тачи
Адвокат кој од косовскиот претседател Хашим Тачи бил ангажиран за одбрана од обвиненија за воени злосторства пред судот во Хаг сега бара вкупна оштета од половина милијарди евра бидејќи предвидените надоместоци не му биле навремено исплатени.
Косовскиот весник „Газета Експрес“ пишува дека поранешниот обвинител на Хашкиот трибунал за воени злосторства Џефри Најс, кој потоа беше адвокат на Владата на Косово, побарал да му бидат исплатени половина милион евра колку што Косово му должи.
Според весникот, косовскиот претседател Хашим Тачи, за време на неговиот премиерски мандат, побарал од заменик министерот за надворешни работи Петрит Селими да го ангажира Најс како правен експерт на косовската Влада. Причината за ангажманот, според весникот, биле коментарите на Најс дека Тачи не е виновен за обвиненијата за шверц со органи.
