Економија, финансии, бизнис

Контакт

Адвент и ЕБРД го преземаа „Хипо група“, Мартинчиќ останува шефица за Хрватска

Адвент и ЕБРД го преземаа „Хипо група“, Мартинчиќ останува шефица за Хрватска

Фондот Адвент и Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) станаа сопственици на австриската Хипо група, а со тоа и на Хипо банките во Хрватска.

Конечната цена на трансакциите не е објавена бидејќи ќе зависи од резултатите во 2015, но се предвидува во распон помеѓу 50 и 200 милиони евра. Целта е американскиот фонд и ЕБРД да ја исправат таа австриска банка на нозе и да ја направат една од најдобите групации во регионот. На кормилото на банката во Хрватска останува Теа Мартинчиќ, а менаџментот засега останува непроменат и во Словенија, БиХ, Србија и Црна Гора.

Кадар на Дојче Банка

На позицијата претседаел на Управата на Хипо група е именуван Улрих Кисиинг, кој доаѓа од челната позиција на Инвестионбанк Берлин, а претходно 20 години од кариерата помина во Дојче Банка. Со него Хипо ќе ја води Јоханес Прокш како главен финансиски директор, за ризиците е задолжен Стефан Селден, додека главниот оперативен директор и водител на продажба ќе биде Рајанер Сичерт. Управата на групата ќе биде додатно зајакната во следните недели, а седиштето останува во Клагенфурт, објави банката во соопштението.

„Главни цели во следниот период ни се силна пазарна ориентација, аквизација на нови клиенти, додатно зголемување на ефикасноста на работата и  квалитетни услуги и развој на нови и модерни производи кои кореспондираат со потребите на нашите клиенти“, порачала Теа Маринчиќ за Пословни дневник. Додала дека планираат да го развиваат и шират бизнисот во сегмент на мало и малите и средни претпријатија, со продолжение на соработката со вистински лица и јавни институции.

Оптимизам и шанси

„Пред нас е нов оптимизам и шанси, а новиот сопственик и чист биланс за нас значи одлична позиција, што за нас и нашите клиенти претставува голема развојна перспектива“, истакнува Теа. Директорот на Адвент Кристијан Штофел рекол дека фондот станува сопственик на банката со силен биланс, мрежа од 205 работодавачи во пет земји и 1,2 милиони клиенти . Групата има осигурано долгорочо финансирање веќе од две милијарди евра, адекватноста на капиталот е повеќе од 20 посто, соодносот на лоши кредити околу 12 посто и силен менаџерски тим, што и дава одлична позиција за развој истакнал, Штофел.

Слично

Поврзани вести