АДОРА ИНЖИНЕРИНГ: Градители на рекордите!
Со рекордна продажба на станови, изградба на нови станбено-деловни објекти и низа меѓународни награди, градежната компанија “Адора Инженеринг” во изминатата 2014 –та година ја докажа и ја зацврсти лидерската позиција во градежниот сектор. Од компанијата велат дека изминатата година ја оценуваат како доста успешна година. Во 2014-та година оваа компанија продаде рекордни 302 станови или 18.000 метри квадратни простор, односно оствари за 11 проценти поголема продажба од претходната 2013-та година. Освен пораст во продажбата на станови, “Адора Инженеринг” во 2014-та година се докажа и како лидер во високоградбата. Компанијата изгради пет нови елитни станбено-деловни енергетски објекти А-класа во скопската општина Аеродром, со 22.000 метри квадратни станбен простор, деловни простории и модерни паркиралишта.
-Економските резултати и нагорниот развоен тренд во 2014-та година, ја потврдија и зацврстија позицијата на Адора инженеринг како најуспешна компанија во високоградбата во регионот, која последните пет години е меѓу 25-те најуспешни и петте најбрзорастечки компании во Република Македонија.
Успешниот развоен тренд на овој потврден градежен бренд се должи на способноста и јасната визија на менџментот на компанијата, храбрите и издржани одлуки и на вклопувањето во поволната бизнис клима во Македонија, особено во градежниот сектор, за градење на успешни бизнис приказни, вели директорот и сопственик на Адора Инженеринг, професор д-р Ванчо Чифлиганец.
Компанијата успешно ги реализираше зацртаните проекти
Во 2014-та година “Адора Инеженеринг” освен продажбата и изградбата на стабени обејкти, реализираше низа проекти со кои го докажа врвниот квалитет на градбите што ги нуди. Клучен проект за компанијата е изградбата на пет нови елитни станбено-деловни објекти во скопската општина Аеродром, со рекордно брза, квалитетна, сигурна и еко градба. Оваа градежна компанија е единствената од овој сектор која со организирање на вториот тест-вештачки земјотрес во станбениот објект Аеродром-Црква 1, заедно со реномираниот Институт за земјотресно инженерство и сеизмологија ИЗИИС, научно и практично ја потврди врвната асеизмичка стабилност на објектите што ги гради. “Адора Инеженеринг” е единствена компанија која лани го доби првиот сертификат-енергетски пасош А-класа во Македонија за станбено-деловниот објект Аеродром-Парк 1, кој според стручните пресметки на станарите долгорочно ќе им заштедува потрошувачка на енергија за греење, трошејќи шест пати помалку струја за греење од порано.
Потврда за постигнатите успеси се низта награди и признанија што ги доби компанијата во изминатата година. “Адора Инженеринг” доби две меѓународни награди, за градежништво во лани во мај и европска награда за квалитет во октомври, од страна на Клубот на водечките бизнис и трговски лидери во светот, што е меѓународна потврда за успешното работење на компанијата според европски стандарди и голема афирмација на македонското градежништво и Македонија во светот. Од министерството за економија оваа компанија доби уште едно, деветто национално признание за заштита на животната средина за изградбата на еко домовите во Скопје. “Адора Инженеринг”лани ја доби меѓународната награда “Супербрендс“ за 2013/2014 година. Наградата ја прими извршниот директор на компанијата Д-р Драгана Чифлиганец. Сопственикот на компанијата професор д-р Ванчо Чифлиганец ја доби наградата за индивидуален филантроп за 2013-та гoдина од институтот ЦИР-а.
-Клучот на успехот во секоја работа, како во секторот на градежништвото, високоградбата и недвижностите, но и за успех во животот, е посветената и упорна работа, без потклекнувања на пречките и проблемите, со верба во себеси и успехот, со многу стручност и висока професионалност, со постојана едукација и усовршување, со следење и примена на иновациите и современите стандарди и технологии, постојано да се биде во тек со светските трендови во изградбата на домови за сигурно, квалитетно, економично и здраво домување. Адора инженеринг е докажан градежен бренд, кој постојано се потврдува, ги информира за своите активности купувачите и јавноста, се грижи за купувачите, за вработените, за животната средина, пошироката заедница, остава вредни дела за граѓаните и општеството. Адора инженеринг, за која изградбата на домови за граѓаните и нивните семејства е висок морален и одговорен чин, како најголема и најсигурна инвестиција за сегашните и идни генерации, успехот во работата го дели со заедницата, сакајќи да им возврати на сите кои се дел од нејзиниот успех, потврдувајќи се како општествено одговорна компанија со традиција, вели професор д-р Чифлиганец.
Нови инвестиции, награди за купувачите на станови и донации
Градежната компанија “Адора Инженеринг” минатата година на јавна лицитација го купи државното градежно земјиште наспроти хотелот Белви во скопската општина Илинден, на кое ќе гради модерен старски дом „Втора младост“. Комлексот е осмислен како спортско-рекреативен и културно-забавен комплекс „Адора Интернационал“ и ќе биде наменет за сместување и нега на стари лица, граѓани на Македонија и странски државјани, со услови за спортски и рекреативни активности, како и културно-забавни содржини.
“Адора Инженеринг” за своите купувачи минатото лето обезбеди исклучителни поволности и вредни награди за купен стан од овој градежен супербренд. Наградата за среќните добитници беше крстарење низ Медитеранот. Заедно со уште неколку компании “Адора Инженеринг” го донираше првиот апарат-пиштол за кор биопсии на Клиниката за радиотерапија и онкологија во Државната болница во Скопје. Под ктиторство на проф. д-р Ванчо Чифлиганец и “Адора инженеринг”, изграден е православниот храм Свети Јован Крстител во скопската општина Аеродром, каде компанијата има најголеми инвестиции. На иницијатива на кумот на Водици Охрид-2012, професор д-р Чифлиганец, минатата година го подигна и подари на градот Охрид спомен-обележјето „Богојавление-Водици“. Кон крајот на 2014-та се формираше Фондацијата “ПРОФЕСОР Д-Р ВАНЧО ЧИФЛИГАНЕЦ”, која ќе ги помага граѓаните, учениците, студентите и ранливите групи, делот на образованието, науката, културата, спортот и општеството во целина.
Оваа година двојно зголемување на инвестициите
Во оваа економска година “Адора Инженеринг” планира двојно да ги зголеми инвестициите, но планира и проширување на бизнисот во други сфери.
-Според бизнис планот за 2015-та и 2016-та година, Адора инженеринг планира двојно да ги зголеми инвестициите и да започне изградба на уште пет нови станбено-деловни објекти со 600 станбени единици во Скопје. Компанијата што е синоним за потврдено сигурно, висококвалитетно, долгорочно економично и здраво домување, и во иднина ќе продолжи да гради објекти кои на станарите ќе им овозможат домување во еко домови со енергетски пасош А-класа, со следење и примена на најновите меѓународни стандарди, технологии и иновации за поквалитетно домување. Градежниот бренд Адора инженеринг, лидер во високоградбата во регионот, размислува и за проширување на бизнисот кон нови производи и сфери, за доброто на компанијата, на економијата и на граѓаните на Македонија, за подобар живот и попросперитетна иднина, вели професор д-р Чифлиганец.
А за неуморната работа и за постигнатите успеси говори издадената книга „Можеш и ти“, од авторот професор д-р Венко Андоновски,која што претставува романизирана биографија за ликот и делото на професор д-р Ванчо Чифлиганец, но и прирачник за деловниот успех на сите оние кои се на почетокот на професионалната кариера.
Ј.С
[box type="shadow" ]Иако 2014-та година ќе остане запишана како година во која македонската економија прикажа најголем раст на БДП во однос на регионот, факт е дека земјата се уште е далеку од посакуваните силни економски резултати или показатели. Сепак, изминатата година ќе биде година за паметење за десетина големи и средни македонски компании. Некои од нив успеаа од зоната на неликвидност да испливаат кон позитивни резултати, други градеа рекорди, трети се проширија во својот бизнис или добиваа и добиваат се повеќе нови клиенти. „Алкалоид“, „Адора Инжинеринг“,„Кроација осигурување живот“, „Шпаркасе Банка“, „Стопанска Банка Битола“, „Стопанска Банка Скопје“, „ЕВН“, „Жито Маркети“, „Здравје Радово“, „ЕДС“ „Уни Банка“, растеа заедно со предизвиците на македонската економија, успешно градејќи го својот корпоративен имиџ, како дома, така и во странство. Сите овие компании, од прва до последна покажаа и грижа за општеството, за оние на кои им е најпотребна помошта, на нашите соседи, пријатели, знајни и незнајни херои, со кои судбината на неубав начин си поиграла. Затоа тука се општествено одговорните компании, кои растот на својот бизнис секогаш го следеа со постојани хуманитарни акции. Тие покажаа дека бизнисот не е само сурова трка по пари, туку многу повеќе од тоа. Во изборот на „Фактор“ новинарите ги посочија токму набројаните фирми како бизнис-лидери на 2014-та година.[/box]

Слично