Адора инженеринг на Чифлиганец го зголемува капиталот во Комерцијална банка
Адора инженеринг, фирмата на Ванчо Чифлиганец го зголеми учеството во капиталот на Комерцијална банка АД Скопје.
Банката соопшти дека компанијата се стекнала со 6.413 обични акции.
„Правното лице Адора Инженеринг ДООЕЛ Експорт-Импорт Скопје заедно со поврзаните лица поседува вкупно 266.879 обични акции, односно има учество од 11,71 проценти во основната главнина на Комерцијална банка АД Скопје. стои во соопштението објавено на Македонска берза.
Слично
