Економија, финансии, бизнис

Контакт

Администраторите ќе се превземаат од една во друга институција само со нивна согласност

Администраторите ќе се превземаат од една во друга институција само со нивна согласност
Административците вработени во државниот и јавниот сектор ќе можат да бидат преместени во друга институција, само со нивна согласност, предвидуваат измените на Законот за државни службеници кои Владата ги усвои на последната седница. Како што информира владиниот портпарол, Александар Ѓорѓиев,  преку нив се овозможува поголема правна заштита за административците. Промените утврдуваат и кој од вработените во јавните претпријатија спаѓа во категоријата на јавни службеници. Промените се во согласност со барањата на Уставниот суд. - Досега беше потребна само согласност на раководните органи во институциите односно двопартитно, а сега се воведува трипартитен однос, што значи задолжително во случај на превземање вработен од една државна или јавна институција во друга, ќе мора да постои писмена согласност потпишана од вработениот. На овој начин, се дава дополнителна правна заштита на интересите на вработените во јавната и државната админситрација, но истовремено се продолжува со процедурите на мобилност за балансирање на суфицитот и дефицитот во некои институции во насока на квалитетно нивелирање на истиот - изјави Ѓорѓиев.
Слично

Поврзани вести