Административците пријавија во трудов инспекторат дека не им е исплатен К-15
Административците преку синдикатот на УПОЗ во Државниот инспекторат за труд пријавија дека не им е исплатен регресот за годишен одмор за К-15. Синдкатот на администрацијата поднесе барање за вонреден инспекциски надзор.
Вработените во органите на државната управа, судовите, јавните обвинителства, казнено - поправните и воспитно - поправните установи, државното правобранителство, единиците на локалната самоуправа, агенциите, фондовите и центрите за социјални работи и други органи основани од Собранието на Република Северна Македонија според колективниот договор со Министерството за информатичко општество и администрација во 2020 требаше за прв пат да добијат К-15.
Во февруари минатата година бепе договорено 17.273 административци годинава буџетот на државата да добијат 155. 457.000 денари, односно околу 2,5 милиони евра како К-15.
„Во членот 21 од Колективниот договор е предвидено дека секој вработен има право на регрес за годишен одмор во висина од најмалку 9.000 денари нето, под услов да работел шест месеци во календарската година кај работодавачот и се исплатува најдоцна до крајот на тековната година.
Иако во членот 21 јасно е предвиден износот за регрес за годишен одмор и рокот за исплатата, до сега ова право е исплатено само во неколку општини, а во ниту еден орган опфатен со овој Колективен договор не е извршена исплатата на ова право.
Од тие причини, Синдикатот на УПОЗ се обрати до Државниот инспекторат за труд, со цел да се изврши вонреден инспекциски надзор со кој ќе се утврди дали на вработените им е исплатено правото на регрес за годишен одмор, а доколу утврди дека не е испатен, со Решение да им се наложи на работодавачите од членот 2 став 1 од Колективниот договор истото да го сторат во најбрз можен рок“, соопштија од УПОЗ.
Слично
