Адинг со добивка од 204 илјади евра
Градежната компанија Адинг, лани имала нето добивка по оданочување во износ од 204 илјади евра, за разлика од 2012 година кога нето добивката по оданочување беше во минус од 44 илјади евра. Ова го покажуваат податоците од финансискиот извештај објавен на Македонската берза за работењето на фирмата минатата година.
Лани, Адинг има раст на вкупните приходи од 2%, односно компанијата имала приходи од 5,5 милиони евра. При тоа за 23% има зголемување кај приходите од продажба на домашен пазар, додека за 45% има намалување од приходите од странските пазари.
Адинг бележи намалување на расходите за 3%, кои минатата година изнесувале 5,2 милиони евра.
Во билансот на успех за минатата година, податоците покажуваат дека Адинг има побарувања од купувачите за сума од 3,8 милиони евра што е намалување за 6% во однос на 2012 година. Додека пак обврските на компанијата кон добавувачите изнесуваат 1,8 милиони евра и имаат раст од 37% во однос на 2012 година.
Слично
