Економија, финансии, бизнис

Контакт

Adidas целосно ќе се насочи на онлајн продажба - Колку продавници ќе се затворат?

Adidas целосно ќе се насочи на онлајн продажба - Колку продавници ќе се затворат?

Adidas ќе примени нова маркетинг стратегија во наредните неколку години со која значително ќе го пренасочи фокусот на продажба преку интернет со оналјн нарачка на производи, а за таа сметка ќе затвори голем број на физички продавници каде продажбата е намалена. 

Со тоа познатиот германски бренд за спортска опрема и чевли ќе ги намали своите трошоци за ангажирање на вработени, за деловен простор и транспорт. 

Од друга страна пак, Каспер Рорстед извршниот директор на Adidas за Financial Times изјави дека преостанатите продавници кои нема да се затворат ќе функционираат многу подобро со поквалитетни продажни услуги, а исто така доколку е потребно ќе се отвораат и на нови локации согласно пазарните услови и навиките на купувачите. 

„Со тек на време ќе имаме помалку продавници, но ќе бидат подобри“ изјави Рорстед.

Моментално Adidas има 2.500 продавници ширум светот и уште 13 илјади франшизни продавници во кои се продава само тој бренд на спортски опрема. 


Слично

Поврзани вести