Економија, финансии, бизнис

Контакт

Адеми: СОНК ќе им даде плата на штрајкувачите

Адеми: СОНК ќе им даде плата на штрајкувачите

СОНК ќе им исплати плата на штрајкувачите за јануари, вели министерот за образование Абдулаќим Адеми во интервју за ТВ Алсат -М.

„Сите наставници кои се во штрајк и кои се членови на СОНК, делот од платата од 20 јануари до крајот на месецот ќе го земат од синдикалната организација. Останати кои штрајкуваат, а не се членови на Синдикатот за образование, наука и култура нема да добијат плати од Министерството за образование и наука или од општината. Во овој случај и СОНК нема да може да исплати разлика на плата за оние кои не се нивни членови“, изјави министерот Адеми. Тој призна дека екстерното тестирање се одвивало делумно, а СОНК го обивни дека неправилно ги информирал наставниците зашто последиците од нетестирање ќе ги сносат и учениците и наставниците. Односно, ученикот кој не полагал екстерно тестирање ќе добие слаба оценка во свидетелството, а со тоа автоматски и неговиот наставник ќе се најде на списокот на казнети наставници. Адеми вели дека министерството е подготвено да разговара со СОНК за намалување на казните до делот на екстерното тестирање, како и за другите казни предвидени со законот за основно и средно образование.
Слично

Поврзани вести