Економија, финансии, бизнис

Контакт

АДЕМИ СЕ ПИШМАНИ: Екстерното останува исто

АДЕМИ СЕ ПИШМАНИ: Екстерното останува исто

И покрај ветувањето на Министерството за образование, од каде рекоа дека матурантите од следната година ќе полагаат според нов модел на екстерно тестирање, концептот сепак останува ист.

Ова го изјави денеска министерот за образование Абдулаќим Адеми, кој самиот рече дека ветувањето нема да биде исполнето.

-Ние кажавме, ама не успеавме да го смениме концептот, ќе остане стариот. Во јануари матурантите ќе полагаат екстерно, а  бидејќи сите ученици треба да полагаат според истиот концепт не очекувам измени во моделот,  иако веќе имаме почнато со активности за нов, изјави Адеми.

Претходно пак, на револтираната средношколска толпа која многупати протестираше пред ресорното министерство, Адеми им вети дека ќе има нов модел на екстерно тестирање, а во неговото дефинирање ќе влезеле забелешките на сите засегнати страни.

Слично

Поврзани вести