Економија, финансии, бизнис

Контакт

Адеми оствари средба со американскиот амбасадор Бејли

Адеми оствари средба со американскиот амбасадор Бејли

Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми, денеска се сретна со новиот амбасадор на Соединетите Американски Држави во нашата земја, Џес Л. Бејли.

На оваа прва средба, министерот Адеми на амбасадорот Бејли му честиташе на неговото назначување за амбасадор на САД во Република Македонија, истакнувајќи дека соработката меѓу Амбасадата на САД и МОН ќе продолжи и во иднина со активности и проекти од областа на образованието.

Министерот Адеми го информираше амбасадорот на САД, Бејли за функционирањето на образовниот систем во земјата, за клучните реформи што се спроведуваат и ќе се спроведуваат во иднина во однос на подобрувањето на образовниот систем.

Тој се заблагодари за поддршката на САД во имплементирањето на разните проекти и програми кои се резултат на добрата соработка, нагласувајќи ја Фулбрајт програмата, програма која успешно се спроведува. Тој исто така, истакна дека програмите спроведувани преку УСАИД и Мировниот корпус ќе продолжат да се финансираат, бидејќи образованието се смета како област на инвестициите за иднината на земјата.

Амбасадорот Џес Бејли го повтори ставот дека САД ќе продолжат да ја поддржуваат Македонија во областа на образованието, и тоа преку спроведување на различни програми насочени кон подобрувањето на образовниот систем и воспоставување на по современ систем.

Слично

Поврзани вести