Економија, финансии, бизнис

Контакт

Адеми: Нека се протестира, државен испит ќе има!

Адеми: Нека се протестира, државен испит ќе има!
Министерството за образование го подготви предлогот за државен испит на факултетите и се очекува Владата за него наскоро да расправа, најавува министерот Абдилаќим Адеми во пресрет на утрешните протести на студентите против оваа реформа. Сепак Адеми уверува дека со ова студентите не се ставаат пред свршен чин, затоа што дури и да го усвои Владата, предлогот ќе оди на јавна расправа. „Ние сме одлучни да воведеме механизам за контрола на квалитетот на образованието“, категоричен е Адеми. Тој е уверен дека процесот, онака како што е замислен нема негативно да се одрази на образовниот процес. Испитот се предлага да се полага два пати - на крајот на втора и на завршна година од студиите, а оценувањето ќе го врши Одборот за акредитација. Прашањата ќе бидат јавно достапни, а бројот на полагања неограничен, со тоа што првите три пати полагањето ќе биде бесплатно. „Нема да се наруши автономијата на Универзитетот, ниту процесот Болоња“, уверува Адеми. Министерот вели дека не е запознаен со информациите дека дел од студентите и средношколците кои сакаат утре да протестираат се соочуваат со притисоци. За Адеми, вакви нешта не треба да се случуваат затоа што ова е демократска држава.
Слично

Поврзани вести